Убави и здрави со диетата на јапонките

14 февруари, 20120
sss

Јапонската диета станува се поактуелна бидејќи жителите на Јапонија се лидери во однос на должината на животот. Тие поретко страдаат од болести на срцето и наднормална тежина, а освен тоа оваа диета ја прави кожата сјајна и убава.

Диетата не е воопшто тешка. Едно од основните правила е да јадете мали порции храна секогаш. Во јапонската диета оризот е замена за лебот. Оризот е многу пополезен отколку лебот, кој содржи шеќер и многу јаглехидрати. Богатиот појадок е основата на јапонската диета. Тоа вклучува зелен чај, ориз на пареа, супа со тофу, омлет со зелен зеленчук и секако риба. Сето ова во минијатурни порции.

Јапонците јадат десерти, но ретко и мали порции. Бисквитите и тортите се прават од оризово брашно кое е поздраво од пченичното.

Основни продукти на јапонската диета се риба, зеленчук, ориз, соја, зелен чај, овошје. Диетата забранува прејадување. Се консумира минимално шеќер, а јаглехидратите се примаат главно од оризот. Нема ограничување во консумацијата на риба и морски плодови. Млечните продукти се сведуваат на многу мали количини.

Намалете ја употребата на сол зошто морските плодови содржат доволно. Секој ден јадете по 2-3 различни по боја овошја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma