Ако изберете средна должина за косата можеби нема да разполагате со безброј варијанти за фризури но за сметка на тоа ќе го зголемите нежниот и софистициран впечаток и ќе се збогувате со расцветаните краишта. Овој вид фризура е идеален за секојдневието каде најверен сојузник на стилот е косата која и без да „сака“ изгледа прекрасно. Косата со средна должина се одржува лесно и брзо. Фризурите до рамена се сами по себе елегантни.