Иан Кук е еден од најинтересните уметници на светот. Тој наместо четки за сликање, слика со помош на автомобили на далечинско управување.
28 годишниот Кук, кој е познат и по прекарот Pic – cars – so, развил посебен начин на цртање познат под „авто цртање“. Тој користи неколку видови на автомобили на далечинско управување, ги мачка нивните тркала во најразлични бои и создава навистина уникатни дела.
Верувале или не, тој идејата за ваквиот начин на цртање ја добил кога, како подарок за Божиќ, добил автомобил на далечинско управување и му било кажано да не црта на него.