Уште една фасцинантна куќа, овој пат во Холивуд Хилс
26 март, 20120

Погледнете ја оваа прекрасна куќа лоцирана во луксузниот Холивуд Хилс. Во оваа област се наоѓаат едни од најубавите модерни дизајни на куќи, од кои секоја овозможува неверојатни глетки на Лос Анџелес. Проектот за оваа куќа се викаше „Hopen Place” и целата е дело на дизајнерското студио Whipple Russell Architects. Неверојатна куќа!