За време на ноќта кожата губи четири пати повеќе вода, отколку во текот на денот. Неслучајно, често се будиме со сува и оптегната кожа, која изгледа уморно, а би требало да биде обратно. И покрај фактите сеуште само 30% од жените користат ноќен крем.
Во текот на денот кожата е изложена на постојан стрес и штетни надворешни влијанија како цигарите и нечистиот воздух. Употребата на ноќен крем не е луксуз, а неопходност.
Козметичките продукти за ноќна терапија на кожата обично се со потешка текстура, од оние наменети за дневна нега. Стојат како маска на лицето за да можат активните компоненти подобро да проникнат во кожата, што е идеално за жените со сува кожа. Но ако имате мрсна и проблематична кожа, подобро изберете коќен крем со лесна текстура, кој ќе го контролира излишниот себум. За оние над 30 години изборот е анти ејџ ноќен крем. Како и да е, обидете се нанесувањето на крем навечер, да ви биде навика и да ја зачувате младоста подолго.