Те сакам не поради тоа, каков си ти, а поради тоа каква сум јас кога сум до тебе…
Никој не заслужува да проливаш солзи за него, а тој што заслужува, никогаш нема да те расплаче…
Најмногу ти недостасува оној што е до тебе, но ти знаеш дека никогаш нема да биде твој…
Никогаш не се разделувај со насмевката, дури и кога ти е многу тажно – кој знае, можеби некој точно во тој момент ќе се вљуби во неа…
За светот ти можеби си само еден човек, но за еден човек може да си целиот свет…
Не си губи време со човек, на кој му е сеедно дали си до него или не…
Можеби Бог сака да сретнеш неколку погрешни личности, пред да го сретнеш човекот за тебе, за да бидеш најасно со себе си…
Не плачи за тоа, дека се свршило – радувај се дека сепак се случило…
Секогаш ќе има луѓе кои ќе те повредуваат, но за секој случај треба да продолжиш да веруваш во луѓето…
Биди подобар човек и гледај да си најасно со себе си, пред да сретнеш некого со надежта, дека тој ќе разбере што за човек си ти…
Не се напрегај премногу, најубавите работи се случуваат кога најмалку очекуваш…
- позајмено од „13 вечни вистини за животот“ од Габриел Гарсија Маркес