Велосипедот – одличен лек против мигрена

popara26 април, 20121min01
z

Времето се затоплува и веќе е време за велосипед!  Освен што е еколошка варијанта за транспорт, наскоро шведски научници додадоа уште една полза од возењето велосипед – помага при мигрена.

Лекарите од Институтот по неврологија и физиологија сметаат дека лековитиот ефект на оваа физичка активност се должи не толку на самиот велосипед,  туку на физичката активност во која луѓето учествуваат. Велосипедот бил случаен избор на објект за истражување.

Експертите сакале да проверат дали физичката активност дава подобри резултати при смирување на главоболката во споредба со аналгетиците. Во експериментот на првата група било дадено лекарство, за втората група било одредено релакс терапија, а третата група возеле велосипед во природа.

Се покажало дека и трите методи биле подеднакво ефикасни. Меѓутоа во никој случај не можете да го споредите позитивниот ефект на возењето велосипед, со ефектот на аналгетиците. Лекарството ги смирува симптомите, но по хемиски пат.

Ползите од велосипедот можат да бидат објаснати со фактот дека движењето го намалува стресот и го подобрува сонот. А најчесто стресот е причина за главоболки и други здравствени проблеми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma