Вежбањето три пати неделно го чува здравјето

24 јануари, 20120
vezba

Фитнес инструкторите на оние кои сакаат да бидат во добра кондиција, им советуваат да вежбаат три пати неделно.

Заради недостатокот на време и мрзливоста многу луѓе не се доволно физички активни. Доколку нередовно спортувате, нема потреба еднаш во 15 дена физички да се исфорсирате и да добиете запаление на мускулите. Најефективно е да вежбате почесто со послаб интензитет.

Експертите советуваат дека најдобро е да се вежба или пешачи со брзо одење три пати неделно најмалку по 30 минути.

Како што не е добро нередовно да вежбате, така не се препорачува ни секојдневна активност, освен ако не сте професионален спортист. Доколку секојдневно се подложувате на огромен напор, може да предизвикате проблеми со кардиоваскуларниот систем.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *