Видео: Кејт и Вилијам добија восочни фигури!

5 април, 20120
wax1-big

Восочните фигури на Вилијам и Кејт, војводата и војвотката од Кембриџ, се презентирани во лондонскиот музеј Мадам Тисо.

Војвотката се најде во “кралската зона” од музејот, облечена во синиот фустан кој го носеше на веридбата, а прстот имала реплика на вереничкиот прстен од сафир и дијаманти кој некогаш припаѓал на принцезата Дајана.

“Денес ги откривме восочните фигури на војводата и војвотката од Кембриџ доловени во моментот кога пред светот ја објавија својата веридба”, изјавила PR на музејот Лиз Едвардс.

Таа додала дека мајсторите се одлучиле за тој момент бидејќи се работи “иконски момент” и дека тоа е нешто што луѓето сакаат да го видат во музејот.

“Не само што имаме вистинска мерка на Кејт и Вилијам, туку во работата воведовме и дизајнери за да имаме реплика на познатиот фустан и прстен”, изјавила таа и додала дека музејот имал фотографии од престенот од претходно, за време на изработката на фигурата на принцезата Дајана.

Едвардс додала дека јавноста со нетрпение ја очекувала фигурата на Кејт Мидлтон, особено по објавата дека е верена , но од музејот сакале лежерно да ги подготвуваат фигурите на кралската двојка.

“Луѓето сакаат да дојдат и да застанат покрај Кејт, сакаат да ги видат нејзините очи, нејзината убава насмевка, нејзината коса. Сите бараа да ја видат нејзината коса и да ја допрат, бидејќи да бидеме искрени има фантастична коса”, изјавила Едвардс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi