Анџелина Џоли и Бред Пит во моментов се тема број еден во регионот. И додека едни ја осудуваат за нејзиното режисерско деби “Во земјата на крв и мед”, други пак се возхитуваат на нејзината хуманитарна работа, лик и дело.
Во секој случај, интересно е дека невенчаниот сопруг на убавата актерка, Бред Пит, кариерата ја започнал токму во нашиот регион. Тој во 1988 година глумел син на Милена Дравиќ во југословенскиот филм “Темната страна на сонцето”, снимен на брегот на Јадранското Море.
Погледнете го раните дела на Бред Пит. Што ќе кажете?