Видео: Витни Хјустон во последното интервју – “Постара сум и позрела”

popara12 февруари, 20121min00
whitneyhoustonzadnjiintervjuyoutube

Своето последно интервју пред камерите 48-годишната Витни Хјустон го дала во ноември минатата година за Access Hollywood, за време на промоцијата на својот нов филм “Sparkle”. Изјавила дека сега е “постара и позрела” и дека се чувствува почетено што сеуште е во можност да пее и глуми.  Улогата во “Sparkle”, како што таа навела, ја прифатила, бидејќи и самата е мајка: ”Ја почувствував таа љубов која во доцните шеесети години мајките ја имаа за своите деца. Знам како е тоа да се трудиш да го задржиш семејството како самохрана мајка. Кога ми понудија да играм мајка, помислив дека јас можам да го одиграм тоа, бидејќи имам многу пракса”.

Taa изјавила дека нејзината мајка во текот на годините и била голема поддршка и тоа дека нејзината ќерка и е голема инспирација: ”Во оваа работа сум веќе 30 години. Има успони, има и падови. Но, мораш да веруваш во себе и да бидеш упорен. Потребен си им на луѓето кои те охрабруваат и мораш да го дадеш максимумот од себе. Благослов е тоа што мојата мајка е силна жена и тоа што моето семејство постојано ми зборува колку ме сака. Мојата ќерка ми е најголема инспирација и ме сака. Имам некои добри светци кои постојано се молат за мене. Морате и вие да имате таква поддршка, тоа ќе ви даде многу сила”.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag