Осамените индијци можат да создадат речиси вистинско семејство со помошта на виртуелна сопруга. Специално за таа цел е создаден сајтот “Biwihotohaisi.com” каде секој може да си земе електронска сопруга во зависност од своите желби. Изборот е помеѓу 4 жени – веселата и слатка Мили 21 година, 26 годишната Шалини наречена уште амбициозната. Третата невеста сака да командува и има 25 години, а за мажите со традиционални погледи за семејството и местото на жената во него правиот избор е покорната 25 годишна Рита.
Според креаторите на услугата, виртуелната сопруга може да помогне на слободните млади мажи да откријат што точно бараат кај една жена и така да го направат правилниот избор и во реалноста.