Vivaldi, Linux таблетот, наскоро во продажба..

popara4 мај, 20121min00
6789336974fa241e36a997437306529_orig

Овој таблет, прво го имал името Spark, a потоа бил преименуван во Vivaldi, и наместо првобитниот план да има 512 мегабајти работна меморија, ќе има 1 гигабајт.

„По уште еден долг телефонски разговор со производниот партнер и договарањето на деталите, изгледа дека следната недела ќе може да потпишам нарачка за купувања, така да наскоро може да се очекуваат првите испораки на Vivaldi”, напиша KDE програмерот Арон Сеиго, минатиот четврток.

Vivaldi е таблет компјутер кој користи оперативен систем Mer Core заснован на Linux и изведен од системот MeeGo, како и KDE интерфејс KDE Plasma Active.

Побарувачката беше огромна, така да првата количина е веднаш распродадена. Компјутерот инаку се продава под трговската марка Make-Play-Live и чини 200 евра.

Vivaldi има екран од 7 инчи, чувствителен е на повеќе истовремени допири и има резолуција од 800 х 480, ARM централен процесор Cortex A9 на 1 гигахерци и графички процесор Mali 400, како и еден гигабајт работна (DDR2) меморија.

Интерната меморија има капацитет од 4 гигабајти, а предната камера резолуција од 1,3 мегапиксели. Тука се уште и два USB приклучоци и простор за MikroSD картичка, аудио конектор од 3,5 милиметри, 4-димензионален акцелерометар Gsensor, 802 11 b/g Wi-Fi и HDMI излез за видео резолуција 1080p.

Уредот е тежок 355 грама.

Мрежната продавница за содржини за овој таблет компјутер ќе нуди бесплатен и отворен софтвер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag