Внимавај во кого ќе се вљубиш!

23 јануари, 20120
ss

Едно утро се будиш и ти е досадно. Решаваш дека треба да внесеш малку разнообразие во својот моногамен живот…и така започнуваат некои навистина големи непријатности. Современата компилација меѓу Бетмен и Казанова е лошото момче, кое може да осети кога имаш потреба од него, да биде до тебе во секундата, после да ти сврти грб, да замине пред да си осетила, после да се врати – кога тој ќе одлучи да ти донесе голема среќа и жестока мака наизменично.

Ваквиот маж може да работи било што, од дилер до лекар, тоа е маж што не може да биде опитомен, ги сака жените, ги знае нивните слаби места…премногу добар за да биде со една или две, премногу уверен во себе и добар во кревет, без граници, без совест и без чувства.

Еден ден ќе ја замени вашата наивност со нечија друга. Ќе ви се јави уште неколку пати, за да ги утврди своите позиции, за да раскажува на пријателите како жените неможат да му кажат не и со секоја наредна средба вашата несреќа ќе расне.

Важно е да знаете дека овие мажи, колку и добро да изгледаат, внатрешно воопшто не се такви. Најчесто имаат многу недостатоци, кои се обидуваат да ги компензираат со ваквиот имиџ. Често се осамени, несреќни, расеани и незадоволни. Многуте жени им ја даваат илузијата за вредност и затоа тие никогаш нема да се сопрат на една.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi