Во Канзас се гради засолниште во случај на апокалипса!
12 април, 20120

Во периферијата на Канзас, САД се гради луксузно засолниште за богатите, каде наводно ќе може да се спасат доколку дојде судниот ден.
Засолништето се гради во окното на стар ракетен силос, а се наоѓа на 53 метри под земјата. Засолништето наводно може да издржи атомска експлозија, замјотреси, терористички напади, соларни бури и пандемии.
Комплексот од луксузни станови ќе има и кино сали, базен, медицински центар, училиште, библиотека и затоврена површина каде ќе се одгледува зеленчук и други култури. За создавање електрична енергија се ставени ветерници и генератори.
За да бидете спасени од апокалипсата за овој луксуз треба да издвоите околу 7 милиони долари.