Шпанската полиција запленила 11 тони хашиш, кои со камиони се транспортирани од Мароко.
Полицијата разбила еден од најголемите ланци во шверц на дрога во Европа и уапсила вкупно 35 луѓе.
“Разбиената мрежа го контролирала целиот шверц на синџирот од произведство до пакување, испорака во Шапнија, складирање и дистрибуција низ Европа, особено во Франција, Белгија, Англија и Холандија”, се истакнува во соопштението.
АФП јавува дека поголемиот дел од дрогата е пронајдена во магацините во Толедо, каде што полицијата пронашла вкупно 8, 5 тони. Покрај хашиш, запленети се и 150 илјади евра, 14 возила и 109 мобилни телефони.