Во Шпанија запленети 11 тони хашиш, во акција уапсени 35 лица
26 декември, 20120

Шпанската полиција запленила 11 тони хашиш, кои со камиони се транспортирани од Мароко.
Полицијата разбила еден од најголемите ланци во шверц на дрога во Европа и уапсила вкупно 35 луѓе.
“Разбиената мрежа го контролирала целиот шверц на синџирот од произведство до пакување, испорака во Шапнија, складирање и дистрибуција низ Европа, особено во Франција, Белгија, Англија и Холандија”, се истакнува во соопштението.
АФП јавува дека поголемиот дел од дрогата е пронајдена во магацините во Толедо, каде што полицијата пронашла вкупно 8, 5 тони. Покрај хашиш, запленети се и 150 илјади евра, 14 возила и 109 мобилни телефони.