Ловците во Сибир пронашле тело од редок мамут кој живеел пред 10.000 години во време на леденото доба, па го предале на научниците кои се особено импресионирани од тоа што телото е добро сочувано.
Истакнуваат дека ова е историско откритие кое ќе даде увид и нови детали од животот на мамутот., но и луѓето кои живееле во тоа време.
На телото од ова животно пронашле исекотина на грбот низ која му е остранет черепот, ‘рбетот и ребрата, а тоа докажува дека тогашните печински луѓе ловеле мамути па можеби допринеле за нивното истребување.
Покрај тоа, на телото се видлии и повреди кои укажуваат на тоа дека мамутот се борел со предатор, најверојатно лав, а потоа го дотепале луѓето.
One comment
jack
8 април, 2012 at 15:54
sto znaci zborot pecinski covek – dali mislite nesto za pecenje ili taka. Ne mozam da go razberam a i vo recnikot namakedonski jazik go nema