Утринава, нешто пред 9 часот, патнички воз, кој сообраќал на делницата Скопје-Кочани, удрил во пешак. Мажот, како последица од силниот удар, на лице место им подлегнал на повредите.
Полицијата работи на утврдување на идентитетот на машкото лице, што е отежнато поради самите повреди. Моментално се врши увид и се очекува набрзо да биде познат неговиот идентитет, како и настаните под кои се случила трагедијата.