Само јас ли сум За, или има некои фундаментални проблеми со строгата моногамија? Не ме разбирајте погрешно, не мислам дека треба да легнеме со секој што ќе го сретнеме, само што строгата моногамија ми изгледа дека носи само повеќе штета отколку полза.
Првата мисла што ми падна на памет е традицијата . Втората мисла е поврзана со биологијата и развојот на нашиот вид. Третата мисла е љубовта и желбата да бидеме заедно. И покрај тоа што љубовта е навистина убава, повеќето од нас имале среќа да осетат каква е таа љубов што сме ја доживеале во повеќето врски…Дали е љубов кон партнерот или љубов кон себе си?
Да речеме дека сте со некој кој ве прави среќна како никој друг до сега. И после извесно време среќавате некоја дама, за која сте 100% сигурни, дека таа ќе го направи вашиот партнер многу посреќен одколку вие и тој би имал многу посреќна и поквалитетна врска со неа. Му ја представувате со што тој би можел да открие нови хоризонти на љубовта и среќата со неа…или си останувате со него за да продолжите да го добивате она што сакате?
Повеќето што ги прашав одговорија дека не би се жртвувале себе си во името на среќата на партнерот, јас ќе отидам подалеку и ќе кажам дека вистинската љубов е многу поразлична од егоистичната измислица, за која повеќето мислат дека е вистинска!
Со исклучок на сериозната загриженост од пренесување на полови болести, единствените реални предизвици пред отворената врска се внатрешните демони на луѓето (алчност и љубомора) и пресоздавањето на социалната инфраструктура, според која не можеме толку лесно да се разделиме. Ми изгледа многу лесно, дека тоа е начинот, на кој можеме да постапуваме, но очигледно, за да преместиме планина, треба да започнеме најпрво од малите камења.