
Постои директна врска помеѓу загадениот воздух и предвременото раѓање, сметаат калифорниски специјалисти. Отровните гасови во воздухот, кој го дишиме, особено јаглеводородите, го зголемуваат ризикот од аборт и предвремено раѓање со над 30%.
Основен извор на овие опасни гасови се металургијата и преработката на нафта. Тие се образуваат исто така и при согорување на отпадокот и се способни да предизвикаат рак на белите дробови и грлото.
Експертите од универзитетот во Калифорнија набљудувале во тек на 22 месеци 100 илјади бремени жени. Нивниот краен извод е – во реони со силно загаден воздух идните мајки ризикуваат да родат предвремено или детето да им се роди со некакви дефекти.