Бијонсе ги поместува границите, сега ќе се учи за неа и на факултет!?

30 јануари, 20120
beyonce

Факултетот Рутгерс во Њу Џерси наскоро ќе воведе нов предмет кој ќе се занимава со поп ѕвездата Бијонсе. Студентите кои ќе го запишат овој предмет  ќе разговараат со Саша Фиерц, алтер его на познатата пејачка или за тоа колку всушност влијание има пејачката на својата кариера и изглед.

На официјалната страна на факултетот објаснето е зошто сметаат дека овој предмет треба да се најде на програмата: “Таа е жена која ги поместува границите. Додека други музичари само создаваат музика, таа успеа да создаде голема приказна околу својот живот, музиката и кариерата.“

Раперот Џеј Зи, сопруг на познатата пејачка, исто така е тема на факултетски предмет кој го изучува неговиот лик и дело. На еден од најпознатите американски универзитети Џорџтаун студентите можат да слушаат предмет “Созиологија на хип хоп: Џеј Зи”. Сеуште не е познато што мисли пејачката за честа која и ја направи факултетот од Њу Џерси.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi