Кога дошло на свет, преубавото маченце наречено Marshmallow тежело 60% помалку од нормалната тежина која мачињата ја имаат за време на раѓањето.
Нејзините сопственици тогаш не мислеле дека ќе преживее, но по еден месец подоцна Marshmallow напредува и во моментов е тешка 450 грама.
На YouTube се појавија снимки од разиграното и преслатко маче на кои се гледа дека убаво се заоблила и дека со секој нареден ден станува се поздраво и посилно.
Сопствениците на Marshmallow од самото раѓање морале да ја греат, бидејќи нејзиното тело било премногу мало за да произведува топлина, но сега оваа помош не и е потребна. Како што можете да видите од видеото и Marshmallow како сите мачиња покажува разиграност и љубопитност.