Понекогаш е невозможно да не се чудите на човековата глупост. Терористот Ашан од Авганистан се препознал на потерницата која нудела парична награда за неговото пронаоѓање. Никогаш нема да погодите што направил!
Мохамед Ашан, талибанецот од југот на Авганистан се погледнал во потерницата и ја земал со себе, а на неа пишувало дека се нудат 100 долари како награда.
Со потерницата во раце тој заминал во полициската станица. Полицаецот го прашал: „тоа си ти?“, а Ашан климнал со главата и потврдил дека токму тој е на сликата.
Сепак, ситуацијата не се одвивала како што очекувал Ашан, наместо да ја добие наградата, тој бил уапсен, а на негова сметка веднаш почнале шеги и го споредувале со глупавите натрапници од филмот „Сам дома“, а медиумите го нарекле „имбецил“.
Полицајците прво неможеле да поверуваат дека такво нешто е возможно, па сепак направиле биометриско скенирање со кое се докажало дека навистина тој е Ашан, бараниот терорист.