Корнел стигна многу за далеку за некој кој лекарите предвидувале само неколку дена живот. Тој студира на Оксфорд, свири, плива, игра билијард…
Корнел Хриска Мун бил роден во 1991 година без подлактици на рацете во Романија и со тежок деформитет на десната нога. Бидејќи лекарите му предвиделе само неколку дена живот не сакале да му дадат извод од матична книга на родени.
Кога го видела неговата мајка доживеала нервен слом и го дала во сиропиталиште.
Сепак на крај за него тоа било среќна околност, бидејќи токму таму го пронашла англичанката Дорен Мун која го посвоила. Благодарение на неа и таткото Тед, Корнел добил се што сакал од животот. Тој прераснал во прекрасен и амбициозен млад човек, кој студира филозофија и теологија на Оксфорд.
Корнел ужива во свирење на тапани, пливање, билијард и возење велосипед, а редовно на различни начини собира донации за да им помогне на децата со посебни потреби.
„Борец сум и не дозволувам физичкиот хендикеп да ми биде пречка во остварувањето на соништата. Постојано се обидувам да најдам некое решени“, изјавил за весникот Telegraph. Дека тоа е виситина ќе ви покаже и видеото кое тој го поставил на YouTube.
httpv://www.youtube.com/watch?v=rfAryQU9WNM