Жена се обидела да го убие момчето со своите гради

23 ноември, 20120
gradi

Адвокатот Тим од Германија пријавил во полиција дека неговата девојка Франциска се обидела да го угуши со градите. Несреќата се случила додека двојката воделе љубов, а германката изјавила дека сакала нејзиниот сакан да “умре на најдобар можен начин”.

Кога Тим (34) прв пат ја видел Франциска (33), помислил дека пред него стои жената на неговиот живот. Бидејќи сакал жени со големи облини, му се допаднало тоа што германката од него е потешка 20 килограми.

Двојката почнале да се забавуваат, а набрзо и почнале да живеат задно. Во почетокот се било совршено, а потоа кај Франциска се појавиле психички проблеми.

-Колку подобро ми одеше на мене, толку полошо и беше на неа, но и покрај проблемите, во кревет ни одеше добро. Се до инцидентот, изјавил Тим.

Бизарниот напад се случул за време на секс, кога Франциска седела гола на своето момче.

-И ги бакнував градите и потоа одеднаш мојата глава со сета сила ја притисна на себе. Останав без воздух. Едвај се ослободив и побегнав кај соседите, од каде повикав и полиција, раскажува Тим.

Иако Франциска ја уверувала полицијата дека нема лоши намери, Тим изјавил дека нему му рекла дека “само сакала да умре на најдобар можен начин”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi