Жените треба да бидат грди?!

popara15 мај, 20121min00
3rwe

Морган Фемаи од Зимбабве предложил закон според кои жените треба поретко да се бањаат и да ги бричат главите за да не ги привлекуваат мажите, а сето тоа со цел да се искорени сидата.

Хараре – жените се секогаш виновни.

Брзото ширење на ХИВ вирусот би можело да се намали доколку жените ги бричат главите и поретко се бањаат, за да им бидат помалку привлечни на мажите. Тоа го предложи еден сенатор од Зимбабве, Морган Фемаи.

Фемаи кој е член на најголемата опозициска партија во Зимбабве, го кажал своето мислење пред парламентот и се очекува брзо истото да се прифати и да се усвои како законска мерка, која би ги обврзува жените да бидат погрди. Според него со тоа би се ставило контрола и би се сопрело брзото ширење на оваа болест, која претставува голема опасност за жителите на Зимбабве, но и останатите африкански држави.

14% болни луѓе

Се верува дека во Зимбабве дури 14% од населението е заразено со ХИВ вирусот. Иако според последните студии се покажува дека оваа бројка е во опѓање, сепак оваа смртоносна болест е голема опасност за сите земји на африканскиот континент.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma