Животот не е во рацете на судбината, судбината е во твоите раце

popara29 март, 20121min00
s3

Големиот јапонски воин Нобунага решил да го нападне противникот и покрај тоа што непријателската војска била десет пати поголема.

Тој знаел дека ќе победи, но неговите војници се сомневале.

По патот, Нобунага застанал пред еден шинтоистки храм и рекол:

–        Откако ќе го посетам овој храм на Шинто, јас ќе фрлам монета. Ако се падне орел, ние ќе победиме. Ако е тура – ќе ја изгубиме битката. Судбината не држи во своите раце!

Откако го кажал тоа, Нобунага влегол во светилиштето и тивко се помолил. Излегувајќи од храмот, како што ветил – фрлил монета во воздухот. Се паднал орел. Неговите војници така уверени и мотивирани се впуштиле во битка, што со леснотија го победиле непријателот и ја добиле битката.

–        Никој не може да ја промени судбината – рекол еден од војницете после битката.

–        Се разбира дека не – одговорил Нобунага и му ја покажал монетата, на која и од двете страни имало орел…

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag