Официјално една од најбогатите манекенки на светот е бразилскиот топ модел Жизел Бундхен! Покрај тоа што заработила огромна сума на пари шетајќи по модните писти, Жизел многу пари заработила и на својата линија на долна облека.
Богатството на убавата бразилка, според проценките на експертите и понатаму че се зглемува, бидејќи нејзината марка на долна облека го освојува светот. Компанијата “Hope”, за која Жизел ја дизајнирала својата линија на долна облека, пријавила пораст на продажбата на своите производи дури и за 40%.
Само после една година поранешниот ангел на брендот Victoria’s Secret заработила повеќе од 30 милиони евра, а експертите предвидуваат дека токму таа ќе стане првата милијардерка меѓу супермоделите.