Колку мажи ќе кажат дека Деми Мур е секси? Сигурно стотици, но тоа не му пречи на Аштон Качер да зјапа по секоја втора жена, вртејќи се жедно по неа. Интересно навистина, но каква е причината за ваквата машка хипноза? Зошто мажите се загледуваат по други жени, кога дамата од нивните мечти стои до нив? Мили дами, не грижете се. Причините се многу помали, отколку си мислите дека се.
Никој не е идеален. Затоа мажите страдаат од синдромот да си создадат идеална женска личност, користејќи при тоа делови од повеќе жени. Она што го прават е да ги погледнат големите гради од сосетката и да ги постават заедно со идеалниот задник на својата партнерка. Убавото лице на случајна минувачка и долгите коси на колешката…но мажите не можат да направат ништо со ваквиот визуелен образ на кој секогаш му недостасува нешто – а тоа е пријателскиот карактер на партнерката, во која се вљубил. Тоа е она што ги прави да сакаат, без разлика дали жената до нив е со идеална форма или не.
Затоа не правете од мувата слон. Да, непријатно е да следи со поглед друга, кога вие сте со него, но ваквиот момент минува и заминува, без да носи никакви последици за врската и неговата љубов кон вас. Ваквиот машки рефлекс( да зјапаат по други жени) е дел од нивните гени, па затоа не го уништувајте со кавги состанокот. И ако сепак сакате да гледа само во вас, обидете се да го задржите погледот на саканиот со вашиот секси изглед и интересен разговор.