Зошто треба да се внимава на исхраната за празниците?

31 декември, 20120
praznicna-trpeza

Сета онаа храна што се приготвува за празниците, колачи, торти, многу месо, коктели, алкохол и се друго на што ќе ви текне, е едно кратко задоволство што после празниците води до накачување на телесната тежина со по половина килограм годишно кои според истражувањата никогаш не се симнуваат.  Неколку денови пред празниците не пијте алхохол, не јадете црвено месо и ограничете го внесот на шеќери. Јадете почесто и помалку. Облекувајте потесна облека со што лесно ќе се забележи прејадувањето. Од празничната трпеза најдобро е да си изберете повеќе бело месо, салати и зеленчук, а помалку од калоричните искушенија. Не пијте повеќе од 2-3 алкохолни пијалоци и пијте повеќе вода.  Остатоците од празничната вечера замрзнете ги за да не паднете во искушение наредните денови да го изедете сето тоа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *