Иако сеуште е во раниот стадиум на бременоста, Ким Кардашијан од ден на ден добива се појасна форма на бремена жена.
Низок раст и заоблена фигура, 32 годишната реалити ѕвезда припаѓа во групата на жени на кои бременоста веднаш им се познава.
А со оглед дека поголемиот дел од нејзината облека се состои од предизвикувачки, тесни парчиња, Ким била ‘принудена’ да оди во шопинг.
И така папараците ја снимиле во продавница за долна облека, каде Ким барала соодветни парчиња за своето бујно тело.
Не можеле да го пропуштат ниту нејзиното меркање на секси чипкана облека од која оваа светска ѕвезда ни во бременоста не сака да се откаже.
Потсетуваме, Ким очекува дете со Кание Вест иако сеуште е формалноправно во брак со Крис Хамфрис. Бебето се очекува кон крајот на јуни оваа година.