50 вооружени специјалци ќе го чуваат малиот принц Џорџ!
31 јули, 20130
После раѓањето на малиот Џорџ некои медиуми прогнозираа дека тој може да стане жртва на киднапирање. И макар што тоа се само хипотези, родителите на третиот по ред престолонаследник на тронот – решиле да земат сериозни мерки за неговата безбедност.
Според британските таблоиди малиот принц ќе биде чуван од 50 вооружани полицајци, кои ќе бидат распределени на имотот на Елизабета Втора во Норфолк, Источна Англија каде се очекува наскоро да се преселат и новопечените родители.