Мет Дејмон: Сакам да бидам како Бред Пит!
31 јули, 20130
![6](https://popara.mk/wp-content/uploads/2013/07/631.jpg)
Актерот Мет Дејмон признава дека се восхитува од колегата Бред Пит па во описот стигна до таму, па како на шега јавно изјави: “Го поминувам животот обидувајќи се да бидам како Бред Пит“.
И покрај тоа што Дејмон е близок пријател со Бред и често го посочува како пример, тој открива дека е среќен поради фактот што неговата сопруга не е толку позната како Анџелина Џоли.
“Среќен сум што се вљубив во обична жена. мојата сопруга не е ѕвезда, не е актерка. Тоа ме спасува од огромното внимание што ги гуши моите колеги“, вели актерот.