74% од уредите на Епл сега работат на iOS7

6 декември, 20130
111111

За само 3 месеци откако Епл го направија новиот софтвер, сместен е веќе во 2/3 на новите Ајпади, Ајфони и Ајпад Тач. Покрај што добија критики и поплаки за најновиот оперативен систем, повеќето луѓе веќе го прифатија редизајнираниот систем. Епл објави запис на својата веб страна исто и на iOS App Store и таму може да се види дека дури 74% од нивните уреди работат на новиот iOS7. Тоа значи дека порастот е за 10% од мерењето кое беше направено во октомври. Гигантот дебитираше со iOS 7  во септември кога се појавија новите модели на Ајфон 5Ѕ и 5С. Еден месец подоцна тие го пуштија и најновиот Ајпад Аир. Сите овие уреди се со фабрички iOS7 . Од сите софтверски изданија до сега, дефинитивно најбрзо прифатен е iOS7. Како што има најава, Епл за многу брзо време ќе го пушти и iOS 7.1. За сега е пуштена само бета верзија и тоа веќе од претходниот месец.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *