Новото истражување покажало дека луѓето додека гледаат хорор филмови како “Ајкула“ и “Истерувач на ѓаволи“, може да се согорат околу 200 калории, пренесува “Дејли телеграф“.
Научниците од Универзитетот во Вестминистер ја измериле вкупната потрошувачка на енергија на десет испитаници кои гледале селекција од десет хорор филмови.
Забележувајќи го нивниот пулс, нивото на внес на кислород и ослободен јаглерод диоксид, откриле дека бројот на потрошени калории во просек се зголемил за една третина во текот на следењето на филмовите.
Испитаниците за време на траењето на секој филм согореле калории колку што приближно содржи една табла чоколадо и колку би согореле за време на получасовна прошетка.
Истражувањето открило дека филмовите со сцени кои ги тераат гледачите да потскокнуваат од страв најдобри за согорување калории бидејќи срцето нагло ја забрзува работата.
One comment
kristina
14 јануари, 2013 at 16:28
hahaha dosta interesno istazuvanje odsega gledanje strikno samo horor filmovi 🙂