Alfa Romeo 4C

popara28 ноември, 201318min00
30

Италијанскиот производител ги објави сите потребни информации за новото спортско купе Alfa Romeo 4C. Инаку, за Европа ќе се произведат само 300 парчиња, за Азија 500. Вкупно се на се ќе се произведат само 3.500. Оваа стратегија на Италијанците веројатно ќе биде уникатна, затоа што веќе се нарачани повеќе од 800 парчиња, но се утврдува од кој дел од светот се нарачани. Целосно изработеното лесно возило,нешто испод 850 kg, изработено од карбон-фиберски влакна, предни воздушни спојлери од алуминиум и задната суспензија ветуваат уживање во самото возење. Под хаубата ќе го придвижува 1.8l литарски 4 цилиндричен мотор со 240 коњски сили. Турбо полначот ќе биде видлив и затоа ќе биде покриен со стаклен капак,нешто во стилот како Ферари. Кога станува збор за цената, ќе биде околу 60.000 евра.

httpv://www.youtube.com/watch?v=KnuNv77rB0Q