Најава за температури до -25: Од 1-ви Декември најстудената зима во последниве 100 години!

popara28 ноември, 201317min00
31

Меѓународните метеоролошки станици тврдат дека од 1-ви Декември доаѓа моќен студен бран кој ќе го погоди целиот Балкан и ќе донесе многу ниски температури и снег.

Температурите според изворот ќе бидат многу ниски. И метеоролошкиот центар на Норвешка кој се смета за еден од најдобрите во светот велат дека температурите ќе паднат под -10 степени.

Светските метеоролошки станици прогнозираат дека пред нас стои најстудената зима во последниве 100 години.

Доминик Јунг, германски метеоролог кој го подржува ова тврдење вели дека ова ќе биде мошне јака зима. Декември и Јануари, според него Балканот ќе биде под мраз, а дури во Фебруари се очекува минимално затоплување.

Јунг тврди дека е возможно дневните температури да бидат -10 степени, а ноќните до -25. Покрај тоа ќе има и доста снег, особено во Јануари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *