Анџелина е наводно бремена веќе три месеци и би требало да роди момче во јули.
Според американските медиуми, двојката Џоли Пит наскоро ќе добијат седмо дете!
Поточно, американскиот магазин Star на насловната објави сторија дека Анџелина е повторно бремена и дека овој пат носи син!
“Анџелина е пресреќна, бидејќи веќе некое време сака да роди уште едно дете. Малата Шилох веќе избрала име за бебето”, тврди близок извор за магазинот.
Анџелина е веќе три месеци бремена, а Бред Пит е толку среќен што на сите свои пријатели им зборува дека ќе добие син.
Бред и Анџелина имаат шест деца Медокс, Пакс, Захара, Шилох и близнаците Нокс и Вивиен.