Баба си ги роди внуките?!

popara14 јануари, 20131min00
baba
Бразилка и го дарила најубавиот подарок на својата ќерка, и родила деца.
Мариа да Глорија, 51-годишна домаќинка од мало бразилско градче ги родила своите две внуки близначки, објави британски Дејли Меил.
Таа прифатила да биде сурогат-мајка на својата 34 годишна ќерка Фернарда. Мариа во понеделик со царски рез на свет донела две здрави девојчиња, Еманула и Јулија.
 “Не можев да бидам посреќна“, изјавила Фернарда, на која на 13 години и била извадена матката поради здравствени проблеми. Таа вели дека во тој момент била скршена зошто сакала да биде мајка. Сега таа е подложена на третман кој ќе и овозможи да ги дои близначките.
Фернарда се омажила на 20 години и повеќе пати и било одбиено барањето за посвојување дете. Во 2005-тата година таа видела документарна програма во која баба го родила својот внук. Поттикнати од тој успешен случај, таа и нејзината мајка отишле на доктор и го започнале процесот. Иако и било кажано дека бременоста ќе биде ризична за бабата, таа сепак прифатила.
Мариа е мајка на три деца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag