Алтернативен начин за потхранување на косата со прекрасен резултат.
Често седиме пред полиците во продавниците за козметика и се чудиме што да купиме. Нова маска за коса или балсам? Која марка ќе однови исушените врвови? Вечните прашања на една жена. За да ви објаниме, ќе бидеме алтернативни, како ви понудиме една домашно приготвена маска за коса. На прв поглед изгледа малку “леплива”, но има загарантиран резултат. А и како да не ја пробате, кога во неа има банани и мед?
Состојки:
2-3 банани
кокосово млеко
мед
Начин на подготовка:
Одредете ја бројката на бананите според должината на косата. Во голем сад ги пасирате додека станат каша. Потоа почнете да додавате кокосовото млеко. Додавајте го полека, за да не стане смесата премногу течна. Конзистенцијата треба да личи на вашиот вистински балсам за коса. Завршете со медот и промешајте добро додека кашата не стане хомогена.
Откако вашата домашно приготвена маска е подготвена, може да пристапите кон следниот чекор. Намачкајте ја целата коса од коренот до врвовите. Ние ве охрабруваме да го направите тоа над мијалникот или под туш. Откако ќе ја нанесете маската, заштитете ја косата со шапка за бања. Останете така за околу 20 минути. А во тоа време ви нудиме да си направите една миризлива и релаксирачка купка.
Маската веќе дејствуваше, време е да ја измиете темелно косата без да остане ништо од “слатката” мешавина. А потоа ќе уживате во сјај и влажност на косата.
Ви ја нудиме оваа маска, затоа што таа не само што ќе ја подобри состојбата на вашата коса. Откако сте се искористиле дел, може и заслужено да уживате во шејкот од банана, кој останал за десерт.