
Најновото купе на Бентли ќе се појави во почетокот на 2014. Continental GT ќе има поголеми промени во надворешност од неговиот претходник од 2012. Ќе има две верзии на мотори V8 и W12, а исто така доколку некој се реши за кабриолет, ќе има можност. W12 моторот ќе има 6.0 литарски турбо мотор кој ќе генерира 567 коњски сили, искомбиниран со 6 степеничен автоматски менувач и погон на сите тркала. V8 моторот пак, ќе биде 4.0 литарски турбо, ќе генерира 500 коњски сили, со 8 степеничен автоматски менувач и исто така ќе има погон на сите тркала. За внатрешноста како стандард опрема ќе се најде DVD навигационен систем со поголем LCD екан на допир, блутут и Breitling часовник. Цената на новото Бентли ќе се движи од $177.500 до $217.000 , во зависност од моделот.
httpv://www.youtube.com/watch?v=90w8Gt4qGd0