
Гостувајќи во шоуто на Опра Винфри, Бијонсе покажала фотографија со преслатката Блу Ајви, а сликата подоцна ја објавила и на Instagram. Поради специфичните црти на лицето, многумина веднаш коментирале дека девојчето личи на таткото.
Пејачката изјавила и дека се шокирала кога дознала дека само три месеци по раѓањето треба да настапува.
“Не очекував дека телото толку ќе ми се промени по пораѓањето. Незнаев дека ќе добијам 25 килограми плус”, изјавила Бијонсе во шоуто на Опра Винфри кое ќе се емитува во сабота, кога на HBO ќе се емитува долгоочекуваниот документарец за животот на оваа дива ‘Life Is But A Dream’.