Се омажила за убиецот на нејзината сестра!

16 февруари, 20130
15

Жена во Аргентина го направи имено тоа, а нејзиното семејство се откажа од неа за Денот на вљубените. Таа се омажила за човекот осуден за убиството на нејзината сестра близначка.

Месните жители биле исто така против. Толпа граѓани се собрале пред објектот каде се одржувала церемонијата и револтирано довикувале фрлајќи со јајца и камења.

Невестата Едит Касас изјавила дека нејзиниот сопруг 28 годишниот Виктор Синголани е невин за убиството на нејзината сестра Јоана извршено пред две години.

Во 2010 година Синголани бил осуден 13 години затвор за убиството на Јоана Касас со која бил во врска. Тој бил вратен во затвор после свадбата. Невестата била принудена да почека неколку часа да се размине толпата за да биде безопасно за неа да го напушти објектот.

Мајката на невестата изјавила дека ќерка и е луда и се обидела да го спречи бракот, но судијата проценил дека Едит не страда од душевно растројство и е способна сама да одлучува.

„За мене двете близначки се мртви. Јоана е со Бога, а Едит со ѓаволот“, изјавил таткото Валентин Касас.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi