Бијонсе на златните нокти троши “мало богатство”!
15 февруари, 20130
Златните нокти кои Бијонсе ги носи се дело на дизајн студиото H&H, младата Хана Ворнер.
Пејачката Бијонсе на фотографијата за својата претстојна турнеја ‘Mrs. Carter Show’, на која позира како кралица, покрај многуте златни детали, има и златни нокти.
Како што пишува британскиот Дејли мејл, секој нокт кој г-ѓа Картер го носи, чини 56 фунти, со што доаѓаме до износот од 560 фунти за еден маникир.
Златните нокти се дело на дизајн студиото H&H на младата Хана Ворнер, а нејзините необични нокти веќе ги ‘фураа’ и Ријана, Бет Дито, Џејми Винстон…