
Конрад Мареј, бившиот лекар на покојниот пејач Мајкл Џексон, кој е осуден на 4 години затвор поради убиство од невнимание, тврди дека тој не го убил кралот на поп музиката.
После излегувањето од затвор Мареј изјавил дека Џексон сам се предозирал, додавајќи дека пејачот западнал во психички и физички амбис поради турнејата што го очекувала.
“Не го убив јас Мајкл Џексон. Тој беше зависник од наркотици. Мајкл Џексон случајно го уби Мајкл Џексон. Пред крајот на животот беше во криза и паника“ – раскажува Мареј.
Како што е познато, Џексон е пронајден мртов во својот кревет во изнајмена куќа во Лос Анџелес во 2009 година, а откриено е дека умрел од превисока доза пропофол.