Еднојајчани близнаци се ожениле со еднојајчани близначки, па потоа им се родиле близначиња. Сега сите во семејството се потполно исти.
Еднојајчаните близначки Дарлин и Дијана на еден Самит запознале двајца близнаци, Марк и Крег. Се вљубиле и се венчале, а потоа родиле близначиња.
Паровите имале двојна венчавка во 1999 година.
На венчавката двете сестри биле исто облечени, а нивниот татко во исто време и двете ги однел до олтарот.
Откако се земале со близнаците, тие родиле еднојајчани близначиња.
Сега дефинитивно сите во семејството се исти!