![bliznacki](https://popara.mk/wp-content/uploads/2013/01/bliznacki.jpg)
Близначки во Акрон, во американската држава Охајо, се породиле во рстојание од два часа на последниот ден од старата година, и добиле момчиња – Донавин и Ејден.
19-годишните мајки- близначки Ејми и Ашли Нелсон не биле воспитувани да прават исти работи и не планирале децата да им се родат во исто време, а термините за породување им биле закажани со разлика од неколку недели.
Сепак, првото бебе Донавин се родило околу пладне на последниот ден од 2012 та година, а Ејден бил роден околу два часа подоцна истиот ден. Мајките ги породил истиот лекар во градската болница во Акрон.