BMW дизајнирал автомобил со 42 тркала и 19 мотори
BMW покажа колку е фантастична компанија, исполнувајќи една од најлудите детски фантазии, правејќи го најнеобичниот концепт автомобил кој досега сме го виделе.
Четиригодишното момче Ели замислил автомобил со 42 тркала и 19 мотора (и тоа Porsche) и багажник полн со играчки и други предмети кои само на 4-годишник може да му паднат на памет.
Напишал писмо до автомобилскиот блог Jalopnik (секако со помош на својот татко) и ги замолил за помош во реализацијата.
Во BMW дознале за барањето на детето, им се допаднала неговата фантазија и одлучиле да издвојат поприлично време и труд за да ја реализираат.
Резултатот е автомобилот на сликава кој е наречен 4219Eli. Вистински монструм на тркала пред кој и Batmobile-от би се покорил. Останува нејасно колкава брзина би можел да развие