Британката Линдзи Сандифорд (56) е осудена на смртна казна во Индонезија поради шверцување дрога, откако во мај минатата година била уапсена на островот Бали со над 4,8 килограми кокаин. Полицијата другата ја нашла во поставата на нејзината торба, а Британката цело време тврдела дека дрогата ѝ била подметната и дека била присилена на шверцот.
Обвинителството барало 15 години затворска казна, судиите ја осудиле на смртна казна бидејќи, како што се вели во објаснувањето на пресудата, трајно го оштетила туристичкиот имиџ на Бали.
Сандифорд за време на судењето се извинила поради шверцувањето, но и дека цело време тврдела дека немала друг избор, бидејќи стравувала за животите на нејзините деца.